Целта на истрагата е да открие како Тик-Токот влијае на физичката и психичката состојба на младите и дали оваа апликација ги прекршува законите за заштита на потрошувачите.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/03/tiktok-1.jpg)
Колку социјалните мрежи можат да бидат опасни за младите и тинејџерите покажаа резултатите од интерната анкета на Фејсбук кои протекоа во јавноста минатата година. Овие податоци беа поврзани со Инстаграм и покажаа дека поради активностите на таа социјална мрежа младите запаѓаат во големи проблеми – од депресија и стекнување негативна слика за себе и своето тело до размислување за самоубиство.
Тик Ток, се разбира, вели дека се „длабоко загрижени“ за благосостојбата на нивните корисници и ја ценат загриженоста на адвокатите за безбедност на младите и тинејџерите кои објавуваат на нивната мрежа.
Истата група обвинители покрена слична истрага против Фејсбук, односно Мета, а при покренувањето на оваа истрага најавија дека во време кога тинејџерите се борат со анксиозност, депресија и социјални притисоци, не можат да дозволат социјалните мрежи дополнително да им наштетат на нивната психа и физичко здравје.