Групата Артикал саунд систем смета дека Дуа Липа искористила делови од нивната песна Live Your Live за нејзиниот хит Levitating.
Раперите сметаат дека таа била свесна за “ненамерната “ грешка. Тие во тужбата бараат да им се даде досегашната заработка од песната. Стручните лица за проценка засега потврдиле дека има многу сличности со песната на Дуа Липа.
Кога ја прашале за плагијатот и тужбата од раперите, Дуа Липа едноставно немала коментар.