Австралијците сакаат да направат „бесконечен воз“ кој никогаш не треба да се запре, а енергијата да ја добива исклучиво со помош на силата на гравитацијата.
Австралиските инженери работат на проект на воз кој никогаш нема да мора да застане за гориво и кој нема да има потреба од огромна електрична инфраструктура, туку ќе добива енергија исклучиво со помош на силата на гравитацијата.
Доцнењето и откажувањето на возовите се најголемиот проблем за секој патник. Но, немилосрдните доцнења секако би биле сведени на минимум доколку постои воз кој никогаш не би требало да се запре за гориво бидејќи би имал постојан извор на енергија.

Австралиските инженери работат на овој проект вреден 50 милиони долари и нивната задача е да го создадат првиот таканаречен „инфинити воз“ (Infinity Train) во светот, придвижуван од гравитацијата и кој би бил пуштен во железничката мрежа подоцна оваа деценија.
Овој воз на иднината ќе работи на електрична батерија која нема да треба да се полни со конвенционална инфраструктура за полнење, бидејќи наместо тоа ќе користи гравитациона енергија на делови од пругата што се спуштаат надолу.