Во природата ме има во изобилство, имам шестоаголна форма како мрежата на кокошарник. Јас сум една од кристалните форми на Јаглеродот, многу сум поиздржлив од дијамантот, поцврст од железото и многу полесен од алуминиумот. Можам да бидам танок до дебелина на само еден атом, а сум применлив во електрониката, оптиката, хемијата, во магнетните и термичките суперпроводници. Отпорен сум на вода, издржлив на оган, и што е најчудно – проѕирен сум. Мојата најдобра вештина е да ја трансформирам светлината во електрицитет, а во медицината успешно го спречувам ширењето на бактериите. Посебно сум горд што сум еколошки безбеден и што можам бескрајно да му служам на човештвото на многу начини. Мојата применливост допрва ќе се распространува во вашиот материјален свет, се’ додека еден ден не ве поведам на патување низ „црвоточина“ и не ви ја превртам внатрешноста нанадвор.
Кој сум јас ?
Се викам ГРАФЕН, а ме нарекуваат и Божествена плетка.
