Најевтиниот Model 3 од оваа недела поскапува за 2 илјади долари, додека цената на Model X скокна за цели 10 илјади долари.
Илон Маск е познат по својата контроверзна комуникација преку Твитер – тој понекогаш објавува содржина на таа мрежа што ве тера да се запрашате дали неговиот профил е хакиран, но често твитува потенцијални планови и следни потези за неговите компании. Така тој неодамна напиша на Твитер дека и Tesla и Space X се сведоци на значителна инфлација, а неколку дена подоцна Tesla ги промени цените на своите автомобили.
Цената на најевтиниот модел во САД, Модел 3 со погон на задните тркала сега е повисока за 2 илјади долари и автомобилот сега чини 47 илјади долари, додека моделот со два мотори и погон на сите тркала, по претходно споменатото последно неделно зголемување на цената од илјада долари, сега е поскапо за уште 2.500 долари. Неговата цена сега е 54.500 долари. Model 3 Performance е поскап за 3.000 долари и чини 62.000 долари, додека по поскапувањето од 2.000 долари, Model Y сега чини 63.000 долари, а неговата верзија Performance чини 68.000 долари, што е зголемување за 3.000 долари.