Обединетите Нации во средата започнаа официјални преговори за глобален договор чија цел е да се реши „епидемијата“ на пластичен отпад, а експертите сметаат дека тоа е историски момент за планетата и најважниот мултилатерален пакт од Парискиот климатски договор во 2015 година.
Според извори блиски до разговорите, земјите-членки на ОН, вклучително и големите производители на пластика, како што се САД и Кина, ја одобрија рамката за глобален договор за запирање на загадувањето со пластика и формирање на меѓувладин преговарачки комитет

Големите производители на пластика ја истакнаа важноста од користење на пластика во градежништвото, медицината и другите клучни индустрии и предупредија дека забраната за употреба на одредени материјали ќе го наруши синџирот на снабдување.
Големите корпорации изразиja поддршка за договор кој конечно носи единствен сет на правила за отстранување на пластичен отпад и еднакви услови за игра.