ID Buzz треба да се појави на европскиот пазар оваа година.
Пет години откако Volkswagen го претстави својот концепт на електрично комбе базиран на легендарниот модел Microbus, конечно е претставена официјална верзија која наскоро ќе биде пуштена во продажба. ID Buzz ќе биде достапен за купување на европскиот пазар веќе оваа година, додека корисниците во САД ќе треба да почекаат до 2024 година. Ова електрично возило за семејства и авантуристи е достапно во верзии за 5, 6 и 7 лица и во економична верзија.
Иако дизајнот не е радикално променет во однос на концептот претставен во 2017 година, VW надгради некои работи на ова возило, но сепак има некои непознати работи околу возилото. Пред се, она што на многумина ќе им биде најважно – не се знае колку ќе чини, ниту колку ќе достигне.