ЕУ сака да биде лидер во регулирањето на вештачката интелигенција: Прифатен извештајот на АИДА, следниот чекор е Европскиот парламент
Со усвојувањето на Извештајот за вештачката интелигенција во дигиталната ера, на седницата на Комитетот за вештачка интелигенција на Европскиот парламент, беше направен нов чекор во регулирањето на вештачката интелигенција во ЕУ.
Како што беше истакнато по седницата, Извештајот е клучен документ со кој се утврдуваат насоките за долгорочна европска политика во областа на технологијата за централна дигитална трансформација.
Извештајот има за цел да предложи сеопфатен пристап кон вештачката интелигенција на сите релевантни европски актери, пред се европските институции и земјите-членки. Исто така, нагласена е и глобалната одговорност на Европската Унија за поставување меѓународни стандарди во оваа област, бидејќи таа прва во светот ги иницираше овие исклучително важни, но сложени дискусии за поставување правила за новите технологии. Извештајот беше усвоен со 25 гласа.
Дебата и гласање на пленум се очекуваат на почетокот на април во Стразбур.