Некоја гладна змија барајќи храна, се пикнала низ една дупка во дуќан со алати.
Бидејќи било ноќно време можела слободно да се движи низ дуќанот и да го провери секое ќоше од просторот.
Движејќи се низ просторот се удрила на една рачна секира. Змијата била гневна и го каснала сечилото од секирата повеќе пати што се повредувала со секој нејзин нареден гриз.
Исцрпена од борбата се замотала околу дрвото од секирата, стегајќи го до нејзиниот последен испуштен здив.
Змијата умре поради нејзината неконтролитана агресија и гнев
Често и ние луѓето ја правиме истата грешка
Слепи сме од гневот и агресивно напаѓаме неконтролирано насекаде, се додека не дојде време да ја платиме цената за тоа
Не секогаш треба да реагираме на сѐ околу нас што ни изгледа како потенцијален непријател
Гневот е најлошиот индивидуален човеков непријател
Кога веќе знаете дека го имате, не е на одмет да ги знаете последиците од него и неговото контролирање.
Понекогаш е добро, едноставно, само да го задржиме во себе