Во средновековна црква во Корк, Ирска се чува целосно сочувано човечко срце во специјално изработено ковчеџе.
Срцето е случајно пронајдено во 1863 година, во тајна преграда на црковната крипта, положено на метален дискос со изгравирана година 1549, но без име или било каков податок за тоа чие е срцето.
Не толку одамна, во светот не било толку необично, срцето на некој покојник да биде извадено и положено одвоено од телото, на друго место, со посебна важност во неговиот живот.
Тоа на некој начин е буквална примена на метафората – таму го оставив срцето, за кое се верувало дека е место во телото во кое за време на животот е сместена човечката душа.
Во случајот со црквата во Ирска, не се исклучува можноста да се работи за срце од непознат човек кој за време на животот бил многу почитуван или се сметал за свет.