Кинескиот проект „Еден појас – еден пат“ кој речиси десет години си тера со полна пареа, во последно време интензивно се фокусира на Блискиот Исток и делови од Африка.
Искористувајќи ја празнината која Американците ја оставија во регионот, кинеските компании, особено оние од областа на енергетиката и градежништвото постепено влегуваат на голема врата на Блискиот Исток и во Африка, под параванот на проектот пат-појас.
Додека последните две години кинеските инвестиции глобално, а особено во Европа, бележат благ пад, инвестициите на кинеските компании во Ирак на пр. се зголемија за над 10 милијарди долари.
Аналитичарите велат дека Еден појас-еден пат, исто како и Патот на свилата, наликува на новогодишна елка на која можеш да закачиш секаков украс, во секоја боја, како изговор на било кој кинески бизнис или компанија да почне било каква инвестиција за тивко освојување на пазарите.