Многу технолошки компании се подготвуваат за иднината во која луѓето ќе поминуваат време во виртуелни светови.
Јапонскиот стартап H2L Technologies, во кој инвестираше и Sony, моментално развиваат технологија, односно нараквица која ќе овозможи работите од виртуелниот свет да се почувствуваат и во реалниот свет. Меѓу другото, преку овие нараквици и благите електрични удари што ќе ги предизвикаат, посетителите на виртуелните светови ќе можат да почувствуваат вистинска, физичка болка.
Се разбира, нараквицата не е направена само за да чувствува болка, туку дава и чувство на отпор и притисок, што го зголемува присуството во виртуелните светови и дополнително ги намалува границите помеѓу таквите виртуелни искуства и реалниот свет.

Со оглед на тоа дека очекувањата од метаверзиите се големи, јасно е дека во иднина може да очекуваме нови технологии кои треба да овозможат сето она што луѓето го доживуваат во виртуелните светови да биде што е можно слично со искуството во реалниот свет.