Констракта е на врвот на популарни видеа на Јутуб во сите земји на Балканот од минатата сабота, кога стана јасно дека ќе ја претставува Србија на Евровизија.
Необичната песна In Corpore Sano ги воодушеви Србите, но и остатокот од регионот, а интересот за музиката на Констракта нагло порасна.
Триптихот на Констракта каде зборува за темите и аномалиите на современото општество е прегледан повеќе од 800.000 пати од минатата недела.