Од сите воини, најсилни се овие двајца – Времето и Трпението
– Лав Толстој
Но, ниту времето, ниту трпението не му помогнаа да ја освои толку посакуваната Нобелова награда, за која беше номиниран дури пет пати, но ниту еднаш не ја освои.
Освен двете номинации за Нобеловата награда за литература во 1902 и 1906, Толстој беше и трипати номиниран за Нобеловата награда за мир (1901,1902,1909) но не успеа да ја добие ниту еднаш.