Истражувањата покажале дека трите додатоци во секојдневната исхрана превенираат од сезони настинки, алергии и зајакнување на имунитетот и дека имаат антибактериски, антимикробни и антивирусни својства.
Лукот – иако има непријатна миризба делува на некој начин како разредувач на крвта па така го олеснува протокот на крвта во телото и покрај познатиот факт дека го намалува и крвниот притисок. Доколку земате некои лекови за разредување на крвта или се подготвувате за операција подобро е да го одбенувате лукот или да го известите лекарот за тоа.

Нането помага при затнати синуси, воспалено грло , подобрување на имунитетот како и за намалување за телесната температура. Нането е природен извор на ментол што го прави број еден доколку сакате да спречите настинки и грипови

Ѓумбирот во последно време во нашата земја станува број еден превентивен додаток во исхрана и е омилен додаток во секоја кујна. Не само што го подобрува здравјето на целокупниот организам туку и ве одржува здрави во скоро сите временски сезони. Ѓумбирот се користи, не само како зачин, туку и во супи.
