Во градината на еден голем имот на Флорида, мајка був по грешка лежела на јајце од патка, а кога пајчето се излегло почнала да се грижи за него како за свое дете.
Откако сопственичката на имотот го забележала, го фотографирала и чудниот феномен го објавила на социјалните мрежи, веднаш почнала да добива предупредувања да ги оддели бувот и пајчето.
Експертите велат дека и покрај тоа што мајчинскиот инстинкт во одреден момент е многу силен, сепак предаторскиот дух на бувт е посилен.
Имајќи предвид дека бувовите кои живеат покрај бари и езерца често за храна ловат и мали пајчиња, само прашање на време било – кога мајката наместо да го храни пајчето, ќе почнела да се храни со него.
Во секој случај симпатична и романтична глетка која потсетува дека мајчинската љубов сѐ победува. Само, во случајот, прашање – до кога?