Додека сите држави во светот се обидуваат да го редуцираат носењето на маски воопшто во Македонија сеуште се чека одобрение и разгледување од Владата дали е подобно децата да носат маски во текот на наставта или не.

Инаку експретите од Комисијата за заразни болести препорачаа маските за учениците да не се носат уште пред една недела но сепак оставија на Владата да го даде конечниот одговор. Од Владата нема образложение зошто толку должи застојот во процедурите со оглед на тоа дека долго време беше пракса штабот за кризни мерки да заседава веднаш по донесените препораки на експертите.