Во нашата земја доколку ве има застанато сообраќаен полицаец, голема е веројатноста да се најди некоја маана што резултира со казна.
Па така додека во нашата земја можете да бидете казнети дури и за чуден поглед во САД е нешто подруго. Бидејќи ја знаеле проблематиката и решиле да ја решат или поттикнат на некој начин, неколку возачи во Денвер добиле ваучер од 25 долари бидејќи немале соодветно осветлување.
Проектот бил склучен со локалните власти каде што во одреден тековен период доделуваат 100 ваучери се со цел да им помогнат на тамошното население да си го реши тој проблем. Ова би требало да биде пример за многу земји каде што сообраќаната полиција заедно со локалната управа па дури и државата до одреден праг може да им помага на луѓето кои имаат проблем или немаат финансиски средства.