Ракетата Фалкон 9 лансирата од страна на компанијата за истражување на вселената на Елон Маск е на пат да падне на месечината и да екслодира на неа.
Засилувачот Фалкон 9 беше лансиран во 2015 година, но по завршувањето на својата мисија немаше доволно гориво да се врати на Земјата па остана во вселената.
Астрономот Џонатан Мекдајел изјави за BBC News дека тоа ќе биде првиот познат неконтроиран ракетен судир со месечината, но сепак тврди дека нема простор за паника бидејќи ефектите и последиците ќе бидат мали.
Оваа раката беше оставена во орбитата пред седум години откако ја изврши својата мисија да испрати вселенски метеоролошки сателит за патување од милиони милји.
Тоа беше дел од програмата на Елон Маск за истражување на орбитата Space X која има за цел да ги истражи другите делови од вселената со цел преселување на други планети.
АСТРОНАУТИТЕ НА НАСА СВЕДОЦИ НА МИСТЕРИОЗНИ ЗВУЦИ?
ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО ВСЕЛЕНАТА? Двајца астронаути на НАСА, Буч Вилмор и Сунита Вилијамс, на Меѓународната вселенска станица (ISS), беа...
Прочитај повеќе