Светот е исполнет со милиони видови на животни. Некои од нив се комплетно безопасни, но од некои од нив се екстремно опасни па подобро е да бегате или ги избегнувате што е можно побрзо.
Ајкули – вистината е дека доколку се најдете во некоја ситуација со нив немате голем избор да бегате бидејќи сте на нивни терен. Тука не станува збор за одредени видови на ајкули кои се безопасни туку генерално за сите нив. Секоја година се регистрираат околу 75 несреќи и околу 10 од нив поминуваат со несреќен случај. Добрата вест е што не секогаш ве гледаат доколку сте во нивна близина како јадење без разлика колку лош глас ги бие по медумите и предрасудите за нив.
На второ место се наоѓаат мравките. Сигурност се чудите како мравките се наоѓаат на листата на на опасни суштества што живеат на планетата дури и поопасни од ајкулите. Во суштина мравките се три пати посмртоносни од ајкулите. Додека кај ајкулите имавме околу 10 жртви, мравките убиваат околу 30 луѓе секоја година. Едни од нив посебно се издвојуваат а тоа се булдог мравките. Овие црвени и борбени мравки се едни од најголемите и најагресивните видови на мравки на планетата. Имаат огромни клешти и отров што човекот тешко може да го поднесе. Едно обично каснување и болката може да ви трае до седум дена. Некои од преживеаните жртви од овие мравки болката или каснувањето го доживуваат слично или исто како некој да им пукал со пиштол во нив.
На трето место се наоѓаат пчелите и осите. Овие видови на суштества со право го заземаат приматот на едни од смртоносните видови во светот. Во светот околу 500 случаи годишно се пријавуваат како последица од каснувањето од нив. Бројот на жртви е околу 40 како последица од алергија што некои луѓе едноставно не се имуни да го преживеат овој вид на отров – посебно кога се работи за јапонските типови на пчели.
Четвртото место е за елените. Бројот на пријавени смртни случаи во светот е над 300. Сигурно се прашувате како овие суштества можат да предизвикаат на некој смрт. Сигурно мислите дека тука се работи за напад со нивните рогови но тоа не е точно иако има и такви случаи кои биле евидентирани. Причината поради тоа што предизвикуваат смрт е нивната неартикулираност или човечка непретпазливост на патиштата. Околу 1500 случаи на несреќи се пријавуваат годишно како последица од сообрајќани незгоди што ги предизвикуваат овие суштества.
Петто место му припаѓа на слоновите. Повторно се прашуваме како овие суштества можат да му наштетат толку на човекот. Слоновите напаѓаат кога се повредни или пак се чувствуваат загорозено. Околу 500 смрттни случаи годишно се пријавуваат и не е толкав голем бројот на напади колку што еден напад може да предизвика многу штети како и смртни последици.
На шестото место се наоѓа нилскиот коњ. Овие видови на животни спаѓаат во едни од најопасните во целиот свет. Над 500 смртни случаи се евидентираат секоја година иако се претпоставува дека тоа зависи од човекот кој знае каде се наоѓаат па наместо да ги одбегнува туку напротив оди на тие места со некоја друга цел.
Седмото место им припаѓа на крокодилите. Праисториското суштество од десетици илјади години еволуција и преживување спаѓа во едни од најопасните суштества на планетата воопшто. Тие се машини за убивање. Бројот на пријавени случаи е над 1000 смртни случаи и расте од година во година.
Осмото место им припаѓа на кучињата. Уште едно необично суштество кое се прашуваме како е можно најдобриот пријател на човекот да биде на толку високо ниво. Околу 24 илјади пријавени несреќи се пријавуваат секоја година поради незгода или напад од агресивност од овој тип на животни. Тука не зборуваме за одредена раса на кучиња туку генерално за сите што околу една третина од пријавените случаи завршуваат фатално после нападот.
Деветто место е за стоногалката. Изгледот на овие суштества е како да припаѓаат на друга планета. Иако каснувањето од овие суштества е ретко фатално но болката е неверојатно голема па така и бројот на пријавени случаи од сите погоре е најголем па така и фаталноста е најголема благодарение на алергиските или паничните реакции што ги доживуваат после каснувањето. Во некои делови во Амазон овие суштества со долги до 2 метри и ретко достапни за човекот воопшто да може да ги истражува. Освен што знаеме дека се хранат со се што им стои на патот големината на стотеногалки и нивните 300 уништувачки раце може да биде ужасна доколку се соочиме во живо.
И се разбира на прво место или десетто се змиите. Отровни и неприкосновени кон ниту еден вид ги прави број еден во бројноста на смртни случаи во светот. Наводно според некои истражувања бројот изнесува околу 50. 000 на годишно ниво и тој број може да е повисок со оглед на тоа дека некои што се убиени од нив не се евидентирани.