Канти во форма на багажник, чистачи на скоро секој чекор, а кучиња скитници и речиси нема.

Ако полицијата ве види дека фрлате хартија на под, или не дај Боже плукнете на земја, ќе си платите околу 4000 катарски ријали, или околу 1000 евра и тоа се смета како многу сериозен законски прекршок.
Малку градови во светот се уредни и чисти како Доха. Се разбира има и делови каде што има нечистотија, но тоа е само во деловите каде што се градат нови згради.
Самиот центар, а и поширокиот центар на градот, едноставно блеска.
Без графити, без ѓубре, без канти и контејнери на видливи места, да не зборуваме за опушоци и гуми за џвакање и без фрлени стари работи што некому не му требаат.
Очигледно за совршен комунален ред е потребно цврста рака на власта на граница на диктатура.
Демократијата и слободата кај нас се доживуваат како слобода да правиме што сакаме па дури и да загадуваме и фрламе ѓубре насекаде.