Циметот е зачин кој потекнува од семејството растенија Cinnamomum.
Циметот се прави од кората на гранките и стеблото од овие дрва.
Може да се најде како парченца од кора на дрво или во прав но исто така и како есенцијално масло и разни други видови на суплементи.

Тој е вториот по ред најпопуларен зачин во западниот свет после биберот и се користи во најразлични рецепти. Но која е неговата нутритивна вредност?
Постојат два вида цејлонски и касија цимет. Касијата содржи кумарин и е штетна доколку се употребува во поголеми количини. Цејлонскиот цимет се смета за многу подобар извор кога се работи за здравствените бенефити поради тоа што содржи помала содржина на кумарин.

Исто така може да се користи како андиоксидант, има антивоспалителни дејство, помага при намалување на шеќерот во крвта, го подобрува кардиоваскуларното здравје,помага при габични и бактериски инфекции а научниците истражуваат дека игра улога и во невродегенеративните заболувања како Алцхајмер, Паркинсон и слично.