Групата ДНК оваа година ќе славеле јубилеј од 20 години постоење и треба да си направат концерт, па не знаеме дали не се задоволни од одлуката на Министерството за култура или некои лични работи поврзани со министерката за култура Бисера Костадиновска, што резултираше со јавна критика од страна на ДНК со ФБ статус.
Наводно (или вистина) тие биле одбиени за добивање на средства од Министерството за култура и покрај целата документација но тука станува збор за тоа дека сепак ДНК не се служители на одредени политики и покрај грешките кои ги направиле во минатото и разочарале еден куп луѓе па си ја научиле лекцијата.
Се надеваме дека концертот ќе биде одржан и дека сепак дечките од ДНК ја научија лекцијата од пред неколку години наназад – дека уметноста и политиката не смеат да се мешаат.
За публика на концертот не веруваме дека после оваа неправда од Министерството за култура дека ќе нема бидејќи овој народ знае точно да процени кога некој вистински се кае за ненамерна или намерна грешка, па простува.