Да не се социјалните мрежи на кои луѓето сами меѓусебно се информираат и се предупредуваат, ќе нема кој да им каже да не тргнуваат на пат.
Кога живееш во држава во која снегот подеднакво изненадува и во декември и во јануари и во март, мора да си постојано претпазлив кон „изнандувањата“.



Изненадувањето во случајот би било – за колку време дошле машините и дали и кога го расчистиле патот. Но, ако не си разбрал дека е завеано, нема да разбереш ни дека е исчистено … а тоа што нема да го разбереш, не е ни проблем.
Со нашата логика – Ами кога гледаш дека толку врни, шо мајка си барал да тргнеш на пат! уште долго време нема да ги решиме проблемите.

