Иако најчесто се подготвува со кокос, т.н. невозможна пита може и да се напарви со јаболка, лимон, па дури и со зеленчук, како спанаќ и блитва.
Питата “Impossible” е толку лесна за подготовка што е речиси „невозможно е да не ја згрешите“. Рецептот потекнува од САД, а омилена е и во Австралија каде традиционално се служи со кафе и топка сладолед. Добро е да се има предвид дека питата ќе нарасне за време на печењето, а потоа ќе падне штом ќе почне да се лади. За полесно да се исече, можете да ја оставите во фрижидер да се исцеди пред да ја послужите. Иако најчесто се подготвува со кокос, питата се прави и со јаболка, лимони, па дури и со зеленчук, како спанаќ и блитва.
Состојки :
4 јајца
3/4 шолја шеќер
4 лажици омекнат путер
1 лажичка екстракт од ванила
1/2 лажичка мелено оревче
1/2 чаша брашно
2 чаши млеко
1 шолја парчиња кокос
Подготовка:
Јајцата, шеќерот, путерот и ванилата изматете ги со миксер. Додадете го меленото оревче, брашното и млекото и измешајте ги заедно. Со лажицата постепено додавајте го кокосот.
Подмачкајте го садот за печење и истурете ја смесата. Питата се пече во загреана рерна на 180 степени околу 55 минути.