Во 19 век на уличните пазари во Египет се продавале мумии, како да не се ништо посебно.
Кај Европејците, особено кај елитата, тогаш се појавила мода да прават тематски забави со мумии, во кои кулминација на вечерта и централен настан, било одмотувањето на телото на мумијата проследено со аплаузи и здравици.
Освен за приватни забави, мумиите се купувале и за медицински цели и испитувања, а кај богатите во Европа се раширил и бизарен тренд на купување прав/пудра од толчени мумии, како додаток во јадењето, за кој се верувало дека има ефект на подмладување.
На фоторафијата – мумии на пазар во Египет во 1875
Ознаки: мумии