Недостигот на чипови и сега војната во Украина го принудија Volkswagen да ги прекинат нарчките.
Германскиот производител на автомобили Фолксваген соопшти дека од среда повеќе нема да прифаќа нарачки за plug-in хибридни модели, наведувајќи го недостатокот на чипови и проблемите во синџирот на снабдување поврзани со војната во Украина.
Нарачките за plug-in хибридни верзии на моделите Golf, Tiguan, Passat, Arteon и Touareg на Volkswagen нема да бидат прифатени до понатамошно изведување, а испораките на веќе примените нарачки може да не се реализираат оваа година, соопшти компанијата.