Состојки
- 300гр замрзната бамја
- 1 главица кромид
- 1 лименка доматен сос или мало тегле, домашен сос
- 1/2лажиче шеќер
- Сол, бибер, зачин, магдонос
- Вода по потреба
Подготовка
На загреано масло се запржува ситно сецканиот кромид. Потоа го додаваме и домашниот сос и го разредуваме со вода додека ги ставаме зачините. Од горе се редат бамјите. Потоа се остава на тивок оган околу 30 тина минути. После тоа посипуваме со сецкан магдонос и го сервираме сето тоа на топло лепче.
На здравје