Во екот на воената криза во Украина и веста дека Русија го подигна нивото на подготвеност на своето нуклеарно оружје, многу граѓани станаа свесни за потенцијалната опасност од нуклеарна катастрофа .
Во случај на детонација на нуклеарно оружје, се јавува изложеност на радиоактивни изотопи на јод, стронциум, цезиум и многу други. Јодот е специфичен по тоа што може да се инкорпорира во тироидната жлезда бидејќи е потребен за нејзиното нормално функционирање.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/03/jodin-2.jpg)
Вдишување на контаминиран воздух или голтање контаминирана храна и вода резултира со внатрешна изложеност на радиоактивен јод што претставува ризик за тироидната жлезда.
Но, постои превенција. Калиум јодинот, доколку се земе навреме кога лицето е изложено на радиоактивен јод,може успешно да ја блокира или намали акумулацијата на радиоактивен јод во тироидната жлезда.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/03/slika-jodin-1.jpg)
Калиум јодин (јод во таблети) има заштитен ефект врз тироидната жлезда само во одреден временски период по појавата на радиоактивен облак. Внесувањето на калиум јодин во деновите и неделите пред потенцијалната нуклеарна катастрофа нема да има позитивен ефект,всушност, поверојатно е да се појават несакани ефекти.
Внесувањето на калиум јодин во организмот треба да биде прецизно дозирано од експерти и врз основа на планови за итни случаи. Дозите се поделени по време според возрасната категорија и радиусот на местото на удар.