Толку долго живееме и патувавме низ нашиот свет, а сепак тоа не изненадува од ден на ден – дури и кога станува збор за некои основни работи што мислевме дека ги знаеме. Но, не е се секогаш како што изгледа како на пример за Египет дека не е земја со најмногу пирамиди, има острови кои се движат, острови кои дел од годината се под вода, дел на земја итн. Ова се само дел од куриозитетите по кои ќе го набљудувате светот на поинаков начин.
90 % од светската популација живее на северната хемисфера
Односот на светската популација изгледа нереален кога ќе се подели на оние кои живеат на север, т.е. јужна хемисфера. Дури 6,57 милијарди луѓе живеат северно од екваторот. Како тоа? Прво, северната хемисфера има двојно повеќе земја од јужната хемисфера. Освен тоа, има поповолна клима и почва за земјоделство, а луѓето овде се географски поповрзани од оние на југ кои имаат поголеми природни бариери пред себе (на пр. Австралија, да не зборуваме за ненаселениот Антарктик). Најнаселените земји во светот, како Кина и Индија, се наоѓаат на северната хемисфера.

Австралија е поширока од Месечината
Ако го споредиме дијаметарот на Австралија и Месечината, ќе видиме дека Австралија има пречник од 4.000 километри од исток кон запад, а Месечината е „само“ 3.400 километри. Австралија е околу 600 километри поширока од Месечината

Сахара е најголемата пустина во светот? Погрешно.
Кога размислуваме за пустината, замислуваме бескраен песок под сонцето.
Но, пустината е всушност област со минимални врнежи од дожд и ретка вегетација, односно каква било форма на живот. Постојат неколку видови пустини, а пустината на Антарктикот припаѓа на студените, поларни пустини. Затоа, со површина од дури 13,8 милиони квадратни километри, Антарктикот е всушност најголемата пустина во светот.

Франција има најдолга граница со… Бразил!
Звучи бизарно, барем ако не можете да помислите на мала јужноамериканска земја, Француска Гвајана. Тоа е прекуокеански регион на Француската Република чија граница со Бразил е долга 730 километри. Ова е подолго од француско-шпанската граница, долга 623 километри.

Австралија е опкружена со вода, но го нема најдолгото крајбрежје во светот
Се прашувате како една земја што е опкружена со вода и формира еден посебен континент го нема најдолгиот копнен брег во светот. Згора на тоа, не е ниту во првите пет најдолги брегови на светот.
Канада е земјата која има подолго крајбрежје од Австралија и го држи првото место, а потоа е Норвешка, Индонезија, Гренланд и на крај Русија.
