Кога веќе немаат пристап до вистинскиот Инстаграм, локална верзија развиена од руски програмери наречена Росграм ќе биде достапна за Русите.
Додека некои руски корисници и инфлуенсери се збогуваа со Инстаграм со солзи , некои од нив заклучија дека не е крај на светот и дека ќе ги префрлат своите онлајн активности на некои други платформи како што е VKontakte. Но, покрај оваа мрежа, која многумина ја нарекуваат руски Facebook, корисниците на оваа земја наскоро ќе имаат пристап и до руската верзија на Instagram.

Имено, технолошките претприемачи од Русија планираат за крајот на овој месец да лансираат апликација за споделување фотографии, која ќе биде наменета само за тој пазар. Rossgram, како што ќе се вика мрежата, треба да го замени Instagram а освен споделување на содржина, платформата ќе има и некои дополнителни опции како crowdfunding, опции за наплата на одредени содржини итн.