Направете вкусна салата од компир, боранија и маслинки
Состојки:
– 1kg компири
– 1kg боранија
– еден црн лук
– измелени пиперки
– шолја маслинки
– три лажики маслиново масло
– сол, бибер и други зачини по желба
Подготовка:
На загреано маслиново масло измешајте ги мелените пиперки и постепено додавајте го лукот и иссецканата боранија. Додавајте по малку вода и сето ова динстајте го десетина минути . После тоа додадете ги и исецканиот компир заедно со маслинките. Посолете ги, забиберете ги и зачнете си ги по ваш вкус. Ставете уште малку вода и гответе ги додека смесата не биде готова. По желба можете и да ги запечете во рерната.
На здравје
Ознаки: њам