Границите на трансплантацијата на органи се поместени подалеку од кога било досега. Првите органи земени од генетски конструирани свињи биле ставени во луѓето, а примателот на првото свинско срце успеал да преживее два месеци.
Употребата на животински органи во човечкото тело е стара идеја и се движеше од импланти на тестисите на шимпанзото до заменски бубрези и срца земени од нашите роднини примати што често завршуваше со смрт.

Фокусот деновиве е на свињите, бидејќи нивните органи се приближно со вистинската големина и имаме вековно искуство во нивното одгледување. Ксенотрансплантацијата отсекогаш се чувствувала како следната голема работа во медицината за трансплантација. Нема сомнение дека се извршени низа значајни операции, но само повеќе истражувања ќе ни кажат дали ќе бидат корисни или само сон што никогаш не се остварил.

Инаку само пред неколку дена човекот на којшто му беше пресадено генетски модифицирано срце од свиња почина по два месеци.
