Моника Белучи едностано реши да остари, без да праша било кого за дозвола.
Тоа ги ужасна поборничките на вечна (пластична!) младост, кои се разочарани од нејзиниот изглед, брчките и вишокот килограми. Моника се осмели да се појавува по гламурозни настани и црвени теписи гордо носејќи ги своите 57 години, подочниците, целулитот и сѐ што природата ѝ дала и да им докаже на сите дека убавината и привлечноста не зависат од формата туку од нешто многу подлабоко.

На изненадување на пластичните „барбики“ таа сѐ уште го држи приматот за женски сексапил во светот и отворено се спротиставува на холивудските митови според кои – да се остари е срамота.
Не само што не е срамота туку е и убаво, затоа што носи искреност во свет полн со лаги.
Браво Моника !