Протеините што ги јадите се состојат од аминокиселини т.н. градителни блокови на протеинот.
Креатинот е една од тие аминокиселини. Самото тело лачи природен креатин што ги внесуваме преку секојдневната исхрана но дополнително најмногу се надоместува и дополнува преку животинската и морската храна.
Креатинот е азотен спој кој природно се создава во црниот дроб во комбинација со три аминокиселини: глицин, аргинин и метионин. Кај луѓето, поголемиот дел се складирани во облик на фосфокреатин (креатин фосфат или СР) во мускулите, а помала количина се наоѓа во мозокот, црниот дроб, бубрезите и тестисите.