Постојат разни видови на исхрана, некои од нив не се многу вкусни други се вкусни но никако не не засистуваат. Но постојат и такви намирници кои што научно докажано е дека ако ги конзумираме можат да ни го подигнат расположението и тоа за многу кратко време.
Морските школки се едни од нив и тоа не само што се ниско калорични туку и содржат омега 3 киселини кои се особено добри за нашето здравје. Исто така школките ја подобруваат циркулацијата на крвта во телото.

Темното чоколадо исто така е популарен инстант подигнувач на вашето расположение доколку го конзумирате. Многу доктори сметаат дека за разлика од обичните чоколада темното чоколадо се препорачува да се зема на дневна основа и се разбира да не се претерува.

Кељ е малку познат за луѓето од нашата околина.Тој содржи бакар што е одличен за виталните фукнции во телото.Покрај тоа содржи и витамин А,Ц, К и магнезиум што претставува одличен избор за внесување на природни хранливи влакна.

Јаткастите плодови исто така при конзумирање го подигнуваат расположението богати со магнезиум, плус тоа брзо може да ве заситат. Една дланка на ден е доволно да се наполните со енергија доколку станете мамурни или нерасположени.
