Фикусот е урбан украс кој денес е присутен во речиси сите домаќинства.
Го има во сите подвидови, кои се делат според големината на лисјата, дебелината на стеблото, начинот на разгранување итн.
Но, фикусот иако го нарекуваме цвеќе е всушност дрво кое во соодветни природни и климатски услови може да достигне необични димензии.
Фикусот во Мауи на Филипините е познат по својата големина и старост. Висок е 18 метри, развил 16 главни стебла, а корењата му опфаќаат радиус од над 30 метри.
Се знае точно кога е посаден – на 24 април 1873, а донесен бил од Индија како стебло од 2 метра.