Сијамската мачка од Тајланд, Вада на 34 години е во моментов најстарата мачка на светот. Родена 1987 година, Вада старееше заедно со својата сопственичка, ги надживеа сите свои деца и внуци и е на добар пат за некоја година да го освои Гинисовиот Рекорд кој сега го држи мачката Крим Паф од Тексас која почина на 38 години.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/03/received_487697216187666.jpeg)
Ветеринарите велат дека Баба Вада нема некои сериозни здравствени проблеми, освен слаби заби поради кои во последно јаде само мека храна, а нејзината сопственичка вели дека од староста, Вада станала и малку дезориентирана и заборавна.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/03/цатJ.jpg)
Баба Вада никогаш не била болна, но неколку пати преживеала сериозни повреди од тепачки со други мачки или каснувања од кучиња, поради кои имала и скршеници. Со текот на годините, до израз дошол и борбениот дел од нејзиниот карактер, поради кој во последно често избувнува, се лути, па дури и напаѓа ако нешто не ѝ е по ќеиф, но сепак нејзина главна особина и во староста останува бескрајната потреба за галење и предење.