„Битола е градот” е насловот на музичката компилација промовирана од Агенцијата за мода, култура и уметност „Метрополис“ – Битола во соработка со НУ Центар за култура.
ЦД-то со 22 композиции од исто толку различни изведувачи е проект поддржан од Општина Битола и печатницата „Графопром“ е прво и единствено издание од ваков вид во комплетната музичка историја на Битола, а се однесува на поп-рок музиката и останатите жанрови и поджанрови.
Композициите се избрани врз основа на овие правила:
- изведувачите да егзистирале и твореле на територијата на градот Битола; и
- да имаат издадено албум во форма на носач на звук или во дигитална форма, во периодот од 2001-2022 година со авторска музика,
– вели Илија Талев идејниот творец, иницијатор и „селектор” на антологијата.
Во првата музичката компилација од ваков вид „Битола е градот“ се најдоа композиции од:
Кристо Роџевски,
„Љубојна“,
„Фолтин“,
„Пијан Славеј“,
„Паркети“,
„Pumpers“,
„Code 369“,
Сашо Поповски,
„Sweet Rapscallions“,
Димитра,
Марија Плава,
„Corrosion“,
„Three Minutes In The Rain“,
„Мазно Ама Не Е“,
„Molokai“,
„The Government“,
„Вел“,
„Sound Waves“,
„Кактус“,
„Lucent“,
„Спанк и
Музак“,
сите од Битола.