На влезот во зградата во која од 1973 до 1994 живееше Милан Младеновиќ, на Булеварот „Милутин Миланковиќ” бр.28 во Нов Белград, откриена е спомен плоча со ликот на Милан и стихови од песната „Земја” на култната група Екатерина Велика.
На овој начин е одбележана годишнината од прераната смрт на Милан, на 5 ноември 1994 година.
Спомен плочата е авторско дело на Лана Васиљевиќ, со големина од 75х50 цм изработена од алуминиум. Поставена е на иницијатива на Здружението „Задужбина на Милан Младеновиќ”, куќниот совет на жителите на зградата, а со поддршка на Заводот за заштита на спомениците на културата и Секретаријатот за култура на град Белград.