Изминативе денови, екипите на ЈКП Водовод Битола, спроведоа 80-тина санации на дефекти на повеќе локации во Општина Битола.
Исто така формиран е тим кој врши контрола на функционалноста на затворачи (шибери) од различен обем.
Извршена е контрола на 140, од нив 8 беа неисправни и истите се ставени во функција, со што се реализира и програмата за проверка и санација на овие важни елементи од мрежата на ЈКП Водовод- Битола, а со тоа се намалува прекинот на водоснабдувањето при интервенции или дефекти.
Исто така, активно се работеше на редовните активности околу одржувањето на водоводната мрежа, со цел квалитетно и непрекинато водоснабдување во нашиот град.