Познатата пејачка Адел најави голема пауза во својата музичка кариера.
Оваа вест растажи многу фанови ширум светот, а пејачката за време на викендот објави:
– Имам уште 10 концерти, но после тоа нема да ме гледате уште неверојатно долго, ќе ве чувам во срцето – рекла музичката ѕвезда.
Се шпекулира дека причината за нејзината пауза е да се омажи за нејзиниот вереник Рич Пол.
Да потсетиме, Адел неодамна ја потврди свршувачката со спортски агент, на настап во Минхен.