Академик Љупчо Коцарев ќе се обрати на традиционалната Сѐмакедонска средба во дворот на црквата Пресвета Богородица потпелистерското село Трново.
![Академик Љупчо Коцарев за Илинден во Трново - обезбеден бесплатен превоз за битолчани](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/08/7.jpg)
Организаторите соопштија дека на 2 Август од 7 часот од автобуската постојка Шехерезада, кружно низ целиот град ќе сообраќа бесплатна автобуска кружна линија која (вклучително со населбата Буковски Ливади) ќе собира патници на Трново од по постојките од Карпош/ Дулие до Веро/Болница, преку Црн Мост и преку Партизанска.
![Академик Љупчо Коцарев за Илинден во Трново - обезбеден бесплатен превоз за битолчани](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/08/1.jpg)
Настанот започнува со Света Божествена Литургија во црквата Успение на Пресвета Богородица во 7.30 часот, а од 10.30 часот официјалниот дел, на кој освен академик проф д-р Љупчо Коцарев ќе се обрати и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.
![Академик Љупчо Коцарев за Илинден во Трново - обезбеден бесплатен превоз за битолчани](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/08/3.jpg)
Гости на средбата ќе бидат и градиначалникот на општина Пустец, Албанија, Пале Колефски, претседателот на единствената македонска партија во Албанија, Васил Стерјовски, архимандритот Никодим Царкњаз, како и градоначалниците на Новаци и Могила.
![Академик Љупчо Коцарев за Илинден во Трново - обезбеден бесплатен превоз за битолчани](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/08/4.jpg)
Во културно-уметничката програма покрај КУД „Гоце Делчев“ од Битола, ќе настапат и играорни групи од Пиринска и Беломорска Македонија, а за убавата македонска песна ќе бидат задолжени Софија Кочевска и Соња и Оливер Бенд од Канада.
![Академик Љупчо Коцарев за Илинден во Трново - обезбеден бесплатен превоз за битолчани](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/08/2.jpg)
Организатори на 51 Семакедонска средба се Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Битола, Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес.