Сопственикот на скапиот автомобил бил непријатно изненаден откако го притиснал копчето за автоматска „клима“.
Audi, како и другите премиум автомобили, покрај престижот, на својот сопственик обично му носат и некои функции кои ги оправдуваат вложените пари во нив. Сепак, тоа не е секогаш случај.
Откако сопственикот на ова Ауди од Данска го притиснал копчето со ознака „Sync“, кое служи за синхронизација на сите климатски зони, на екранот на мултимедијалниот систем се појави известување дека оваа функција не е покриена со купувањето.
И навистина, иако Audi нуди тризонски клима уред како стандардна опрема на голем број пазари, тоа не е случај во Данска. Во оваа земја ваквата опција чини 5.114 круни или речиси 700 евра. Во спротивно, сопственикот ќе биде известен „Оваа функција не е купена“ по притискање на командата „Синхронизација“, која дури и ќе светне.
Сепак, ова е малку неочекувано, бидејќи до неодамна беше практика производителите едноставно да ги испуштаат командите што се користат за активирање на функции кои не се достапни во одреден модел на возило.
Постапката на Audi сугерира дека изгледа поевтино да се инсталираат сите компоненти, а потоа да се програмираат такви пораки кои ќе го информираат сопственикот за нефункционалните копчиња.