Компанијата Фајзер, соопшти дека самата доброволно ги повлекува таблетите за регулирање на крвниот притисок „Акуприл“ поради сомнежи дека содржат состојки кои можат да предизвикаат рак. Спорните пратки „Акуприл“ се произведени од декември 2019 до април 2022 година, наменети главно за американскиот пазар, иако повлекување на целата линија е најавено и од Канада.
Спорната канцерогена состојка во таблетите е Нитросамин, за која се смета дека доколку се зема континуирано и во поголеми колични, носи голем ризик од предизвикување рак.
Во компанијата велат, дека присуството на Нитросаминот во Акуприлот не значи сигурен ризик од добивање рак, но дека можност постои.
Тие се правдаат дека Нитросаминот нормално и вообичаено се користи и во производството на храна и пијалаци, во количини кои се строго регулирани од агенциите за храна и здравствените власти. Фајзер пред еден месец, од пазарот повлече и неколку производни линии на уште еден лек за крвен притисок „Акуретик“, како и две негови други под-линии со друго име, поради истите причини – зголемен ризик од канцерогено дејство.