Вештачката интелигенција создадена од Гугл и француската консултантска компанија Капгемини, која се персонифизцира со името „Ал”, во пробна пилот акција, за една година откри 20.000 непријавени домашни базени во Франција.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/08/1.2-4.jpg)
Базените прават околу 200 евра разлика, во пресметките на данокот на имот, кој со базен се третира како луксузно живеалиште со повисок данок.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/08/1.3-2.jpg)
Акцијата, во која вештачката интелигенција во првата пробна едногодишна фаза пронајде и лоцираше 20.000 непријавени базени, ќе обезбеди 10 милиони евра дополнителен приход во буџетот. По успешната пилот-проверка во Франција , се очекува вакви услуги од „Ал” да бидат побарани и спроведени и во други земји во светот. Во Франција до 2020 имало пријавено дури 3,2 милиони приватни базени – тренд кој во последната деценија е растечки во сите земји од развиениот свет.