Во американскиот Сенат почна формалната расправа за донесување на Закон со кој долгорочно треба да се инвестира во активности за спротиставување на кинеската технолошка доминација.
Најпросто кажано, Америка во следните години треба да издвои рекордни 52 милијарди долари, со кои ќе развие и поттикне сопствено производство на микро-чипови и други компјутерски компоненти, во кои во моментов Кина доминира на светскиот пазар и создава се поголема зависност кај многу земји, вклучувајќи ја и Америка.
Целата постапка во двата законодавни дома на САД, се предвидува да заврши за неколку месеци.
Ова е прв, државно организиран чекор американско спротиставување на кинеското владеење со дигиталниот пазар од толку голем обем и се смета за една од стратешки најважните, долгорочни одлуки на земјата, независно од тоа кој ќе биде на власт.