Како што производството на наночипови во Тајван, достигнува вртоглави височини, така чиповите стануваат нова главна причина за нови америланско-кинески тензии околу влијанието во Тајван.
Тајванските власти најавија инвестиција од речиси 110 милијарди долари во нано секторот до 2025 со што земјата ќе ја зацврсти својата позиција на светски добавувач број еден во нано-секторот.
Недостигот на чипови во светот, поттикнат од прекинот на производството поради ковид пандемијата, беше само мала најава на тоа колку важен овој сектор ќе станува во иднина, а со тоа и Тајван како светски лидер во извозот. Во САД прашањето на непречена набавка на чипови, се смета за безбедносно прашање, дури и поважно од енергетиката, со оглед на тоа што најголемиот дел од новите американски оружја се потпираат на нано-технологија и зависат директно од Тајван.
Истата „приказна”, но не толку јавно се провлекува и во Кина, каде освен историско-политичките и геостратешките аспекти, Тајван добива нова пазарна димензија на значење во економијата и воената индустрија.
Производството на дигитални чипови во Тајван почна во 1974 година, како речиси запоставена индустрија од која никој тогаш не очекувал дека ќе стане толку важна. Денес, Тајван веќе е господар на светскиот пазар на чипови од 10 нанометри, а со тековните програми за производство на чипови од 3 нанометри и експерименталните линии од 2 нм. се очекува да ја етаблира својата позиција на светскиот пазар.
Аналитичарите, ваквата состојба ја споредуваат со економските зависности и пазарни нерамномерности кои постоеја пред Првата Светска Војна, и велат дека воопшто не е наивно доколку ризикот тајванските чипови да бидат тригер за Трета Светска Војна и потенцијален кинеско-американски судир се смета за реален и многу извесен.