Вчера заврши рокот за купување фудбалери англиските клубови од Премиер Лигата, со потрошени рекордни 1,9 милијарди фунти или над 2,2 милијарди евра.
Ова е највисока сума во лигата до сега потрошена на фудбалери, а претходниот рекорд од 2017 исто така надминуваше милијарда.
Се смета дека англиските фудбалски клубови годинава толку еуфорично влегле во „трговијата” поради спреченоста од ковидот во изминатите сезони.