Меѓунарондата хакерска група Анонимуси, кои по инвазијата во Украина ѝ објавија војна на руската влада, по хакерските напади врз руското Министерство за одбрана и неколку ТВ станици, соопштија дека ја хакирале хуманитарната интернет база на Руската Православна Црква.

Анонимуси објавија дека успеале да дојдат до 575000 мејлови на Руската Црква или база на податоци од 15 гигабајти. Хакираните материјали засега не се достапни на широката јавност, но преку Интернет страницата за „свиркачи“ ДОО Сикретс, ќе биде ставена на располагање на сите новинари кои сакаат да ги истражуваат.

Речиси истовремено се огласи Хуманитарниот оддел на РПЦ, соопштувајќи дека самата црква пред новинарите ќе ги изнесе сите барани податоци во врска со 246 центри за хуманитарна помош, 90 прифатилишта за бездомници, 78 шелтер центри за жени, 200 центри за зависници од дрога, над 400 проекти за лица со посебни потреби, стотици милосрдни сестри и илјадници волонтери, за кои новинарите од Црквата ќе ги добијат сите барани податоци. Портпаролот на Хуманитарниот фонд на РПЦ ги повика новинарите лично да ги посетат овие и уште толку центри за бегалци и да добијат претстава за нивната работа.